Ординација Сонце
За Нас

Д-р Благородна Стојаноска (специјалист по медицинска биохемија)
Д-р Цветанка Мандулоска (специјалист по семејна медицина)
Фанче Чачор (дипломиран хемичар)
Карадакоска Митра (лаборант)
Костоска Христина (медицинска сестра)
Ристеска Елена (медицинска сестра - лаборант)
Митреска Гордана (медицински техничар - лаборант)
Ламбеска Ангела (дипломиран биолог - биохемичар)
Во Приватна здравстевна установа „Сонце“ Охрид има две работни единици
1. Ординација по општа медицина со матичен доктор - Д-р Цветанка Мандулоска, специјалист по семејна медицина.
Нејзиното 22 годишно работно искуство во струката е вистинска гаранција за избор на ваш матичен доктор.
Во ординацијата се вршат општи лекарски прегледи, ЕКГ и по потреба домашни посети.

2. Специјалистичка биохемиска лабороторија СОНЦЕ е првата регистрирана специјалистичка биохемиска лабораторија во Македонија - 1993 година, а официјално со работа започнува на 06.02.1995 год.
Стручниот тим и најсовремената апаратура од познати светски брендови со кој е опремена лабораторијата овозможуваат изработка на речиси сите биохемиски анализи, хормони, туморски маркери, електролити, тестови за алергии (нутритивни, инхалациони, педијатриски, географски), тестови за наркотици (дроги) и други анализи
Имаме склучено договор со фондот за здравствено осигурување на РСМ за сите осигуреници на фондот.
Во лабораторијата постојат 2 тима:
- Еден тим прави анализи за потребите на примарната здравствена заштита (Lu-1)
- Еден тим прави анализи за потребите на секундарната и терциерна здравствена заштита (Lu-2)
За одредени анализи од доменот на терциерната здравствена заштита (имунолошки тестови и одредени хормони и витамини), поради малата фреквентост соработуваме со поголеми лаборатории во Скопје и странство.
За сите пациенти кои имаат потреба од лабораториски анализи, консултациите со доктор специјалист по медицинска биохемија се бесплатни.
ПЗУ СОНЦЕ има склучено договор со CROATIA осигурување за деловна соработка за здравствени услуги во доменот на доброволно приватно осигурување за осигуреници чии фирми имаат склучено договор со CROATIA
Ординација Сонце
Историја и Традиција
Основана во 1993 година, Сонце беше првата регистрирана специјалистичка биохемиска лабораторија во Македонија. Со официјален почеток на работа на 6 февруари 1995 година, нашата лабораторија стана синоним за квалитет, професионалност и иновации.
Во исто време во Сонце постои ординација по општа медицина, предводена од матичен доктор специјалист по семејна медицина. Денес, сме препознаени како установа која нуди комплетна примарна здравствена заштита и лабораториска дијагностика на високо ниво.


Наши вредности
- Стручност – Секогаш работиме со едуциран и лиценциран кадар
- Прецизност – Анализите се изведуваат со најсовремена апаратура од реномирани светски брендови
- Доверба – Градиме долгорочен однос со нашите пациенти
- Иновативност – Постојано вложуваме во нови технологии и методи
- Достапност – Бесплатни консултации со доктор специјалист по медицинска биохемија и можност за домашна посета
Ординација Сонце
Контрола на квалитет
Во лабораторијата СОНЦЕ се прави:
-
Внатрешна контрола на квалитет се прави секој работен ден на сите биохемиски анализи и хематолошкиот бројач.
- Надворешна контрола на квалитет се прави еднаш месечно од BioSystems (EQAS) - Prevecal












