Ординација Сонце

Земање на материјал за лабораториски анализи

  
  • Материјалот за лабораторски анализи се зема претпладне од 07 до 13 часот на гладно после 12 до 14 часа гладување. 
  • За изработка на липиден статус (маснотии во крв) пациентот треба да биде една недела на умерена храна, а најмалку да гладува 16 часа пред земање.
  • За преглед на урина потребно е да се донесе прва утринска мокрача. Со претходна тоалета на гениталии се зема вториот млаз од мокрача во стерилен сад и во краток рок да се донесе во лабораторија.
  • За одредени лабораторски тестови пациентот треба да се јави во лабораторија на телефон за да добие упатство за припрема.
    - ОГГТ (оралан глукоза толеранс тест)
    - Хормони
    - Клиренси и др.

..

Материјалот за лабораторски анализи се зема претпладне од 07 до 13ч на гладно после 12 до 14 часа гладување.

 

Липиден профил (вкупен холестерол, LDL, HDL, триглицериди)

Пред тестот потребно е да се придржувате кон умерена исхрана најмалку 7 дена.

Потребно е најмалку 16 часа гладување пред земање на крвта.

 

OGTT – Орален гликоза толеранс тест

Пред тестот јавете се во лабораторија за конкретни упатства.

Тестот трае 2 часа, потребно е целосно време да се помине во лабораторијата.

Пациентот треба да биде гладен.

 

HbA1C (гликолизиран хемоглобин)

Не е потребно гладување.

 

Тестирање на урина (седимент, протеини, шеќер)

Се собира вториот млаз од првата утринска урина, по извршена лична хигиена.

Се носи во стерилен сад и се предава најбрзо што е можно по мокрењето.

 

Тестови кои бараат посебна подготовка (хормони, клиренси, витамини, имунолошки тестови)

За овие тестови неопходно е претходно да се јавите во лабораторија за детални инструкции.

Домашна посета

За пациенти кои не се во состојба да дојдат во лабораторијата материјалот за анализи се зема во домашни услови со закажување најмалку еден ден порано